Спасовски до дебрани: Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати

Формиран е Кризен штаб кој ќе го спроведува акциониот план за спречување на ширењето на вирусот

435

Првата ноќ мина мирно без инциденти и движење на граѓаните во општините каде што е прогласена кризна состојба Дебар и Центар Жупа. Така беше утрово и тоа е добро за здравјето на граѓаните. Формиран е Кризен штаб кој ќе го спроведува акциониот план за спречување на ширењето на вирусот, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која информирање за мерките преземени за прогласената кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.

Спасовски ги објасни мерките и како ќе се одвива животот во двете општини наредните 30 дена.






Објектите за храна и производство на храна ќе работат под определен режим, дотурот на храна ќе биде обезбеден од институциите, банките и поштата ќе работат со скратено време. Препорака е граѓаните да останат дома освен по еден член кој треба да ги обезбеди намирниците, се со цел да се спречи ширењето на вирусот.

– Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати. Ве замолувам да нема паника. Заедно со вашите први луѓе, градочалниците, во општината ќе ги добиете најдобрите здравствени мерки. Ќе функционираат продавниците, бензиските, аптеките. банките и поштите ќе работат со скратено работно време – им се обрати Спасовски на дебрани.

Спасовски појасни дека овие жители ќе можат да ги напуштат општините само доколку нивната состојба е животнозагрижувачка.

-Тогаш итно ќе бидат транспортирани со возила на Брза Помош – рече Спасовски.

Спасовски ги замоли жителите да не прават паника бидејќи ќе бидат обезбедени сите услови за најдобра здравствена заштита.

Премиерот информира и дека е зголемена контролата на границите при влез на граѓани од ризичните земји, а е забранет влез на странски државјани од високо ризичните земји.

-Забрана за влез на патници и ограничувања воведовме на граничките премини за високоризични и средноризични земји. Во важност е изолација од 14 дена на сите што ќе дојдат од овие земји- рече тој..

Премиерот рече и дека секојдневно се следи состојбата и се носта одлуки зависно од состојбата

-Зависно од состојбата можно е да ги затвориме и границите. Нашите граѓани им препорачуваме да останат таму каде што се полесно ќе ја минат инфекцијата, отколку да патуваат низ ризични земји – рече тој.

Спасовски рече дека граѓаните кои се во своите викендци во Ростуше кое е на териротијата на која важат кризните мерки ќе останат таму се додека здравствените власти и кризнито штаб не проценат како треба да се дејствува.

-Контактиравме со лицата кои се на викенд во Ростуше каде што е блокирано подрачјето. Кризниот штаб и епидемиолозите ќе оценат дали да се вратат или да останат таму – рече тој.

Во врска со заглавени туристи во Малта рече дека МНР и амбасадите се вклучени во процесот, но рече, треба да се следат мерките на владата на Малта. Доколку се процени дека граѓаните можат да се вратат и ќе бидат вратени во земјава..

Тој ги повика верските заедници и верниците што помалку да ги користат верските објекти за молитва, а граѓаните да ги почитуваат мерките и забраните.

Поврзани содржини