Спасовски: Дали ќе има ограничено движење за Рамазан Бајрам ќе кажат епидемиолозите

Најважно е не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба, рече Спасовски.

772

За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара утре на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата, а одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Најважно е не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас – рече Спасовски.






На прашање дали ќе има целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и дека врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.

– Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста – додаде Спасовски.

Поврзани содржини