Спасовски: Банките да бидат солидарни, кон државата и граѓаните

Јас разговарав и со Народната банка, како и со комерцијалните банки кај нас, за тоа на кој начин да се одложат кредитите.

520

Дали постои некој начин со уредба да ги натера банките да се откажат од онаа камата што тие ја наплаќаат за време на грејс-периодот, Спасовски одговори дека доколку нема солидарност од страна на комерцијалните банки во овој перидот, како кон државата и граѓаните, може да биде донесена уредба со законска сила што треба да биде направено во банкарскиот систем.

– Јас разговарав и со Народната банка, како и со комерцијалните банки кај нас, за тоа на кој начин да се одложат кредитите. Банкарскиот систем е стабилен и тоа е важно, па поради тоа превземаме мерки кои ќе го одржат истиот на ова ниво и која ќе биде на помош за државата и граѓаните. Понудени се неколку решенија и ќе видиме какви ќе бидат ефектите – вели Премиерот.






Тој очекува дека менаџментот на банките во овој момент нема да го гледа само сопствениот интерес и профитот, туку ќе погледнат кон граѓаните и државата. Доколку видат дека тоа не се случува и не сакат да бидат солидарни, уредбата со законска сила може во секој момент да биде донесена и да биде дефинирано што треба да биде направено во банкарскиот систем.

Поврзани содржини