Спасовски ја повика ДИК да ги соопшти резултатите од изборите

571

ДИК е должна да излезе и да ги соопштти резултатите од превремените парламентарни избори, повика Оливер Спасовски денеска на прес конференција.

Тој упати благодарност до сите граѓани кои излегоа на гласање, како и до Комисијата за заразни болести, поради спроведените, како што рече успешни здравствени протоколи.






Спасовски оцени дека предвремените парламентарни избори беа фер и демократски, со висока излезност во специфични здравствени услови, при што граѓаните можеа слободно да ја искажат својата определба и гласаа мирно и достоинствено.

– Ќе влезат во историјата предвремените парламентарни избори 2020 година како се организираат со добра здравствена заштита. Пред нас е период на создавање функционални институции, пред се функционално Собрание и Влада. На вчерашниот демократски ден победи волјата на народот – рече Спасовски.

Поврзани содржини