СПАСОВСКИ ЈА ИГНОРИРАЛ ОПАСНОСТА, ПОСЛЕДИЦИТЕ СЕ ТРАГИЧНИ Oд ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат со станицата во Сарај и „Беса Транс“

Владејачката партија тврди дека поранешниот министер знаел за нерегуларностите, но реагирал дури по трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 луѓе.

364

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, оценувајќи дека наместо да ја гарантира безбедноста на граѓаните, тој директно ја загрозил.

Според партиското соопштение, Спасовски не ги презел мерките што законски бил должен да ги преземе, а последиците од таа негрижа, како што наведуваат, денес се чувствуваат со сериозни и трагични последици.






Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека за станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но дека тогашниот министер не го одзел овластувањето навреме. Наместо да реагира во законски предвидениот рок, Спасовски, според партијата, чекал цели три месеци, со што ѝ овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од околу 5,5 милиони денари.

„Уште потрагично е што екс-министерот постапил дури три дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица. Автобусот на ‘Беса Транс’, кој беше вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ поставуваат низа прашања: дали трагедијата можела да се спречи доколку Спасовски реагирал навреме, дали постоел некаков договор со фирмата поради кој била игнорирана законската постапка и дали одземањето на лиценцата три дена по несреќата било резултат на чувство на вина.

Партијата оценува дека вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат и нагласува дека јавноста мора да знае кој бил одговорен за безбедноста на граѓаните, а не ја извршувал таа должност.

„Правда и одговорност мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини