СПАСЕТЕ НÈ ОД ОВИЕ МОСКОВСКИ ДИВЈАЦИ Зеленски реагираше за жестоките напади врз Киев и Харков

Нашите партнери точно знаат што ни треба. Тие дефинитивно можат да нè поддржат. Ова се неопходни одлуки... Животот мора да се заштити од овие дивјаци од Москва“, напиша Зеленски на крајот од неговата објава каде што сподели и видео од најновите напади на Русија врз цивилни објекти.

571

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, испрати порака до Русите, по вчерашните жестоки напади на руските сили врз неговата земја. Утринава украинските медиуми утринава пишуваат дека во текoт на ноќните часови регистрирани се нови ракетни напади во повеќе украински градови со 90 проектили и 60 дронови.

Тој во објава на социјалната мрежа Икс го пофали американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ поставен за заштита на КИ, кој вчера беше бомбардиран од руски ракети.






„Руските терористи немаат ракети кои можат да го заобиколат „Патриот“ и другите водечки светски системи“, напиша Зеленски.

 

Потоа, во друга објава, тој повика на испорака на нов систем за заштита на целата земја, наведувајќи дека руските беспилотни летала и ракети „немаат доцнење“, мислејќи на доцнењето и одложувањето на помошта на САД и ЕУ за Украина.

„Нашите партнери точно знаат што ни треба. Тие дефинитивно можат да нè поддржат. Ова се неопходни одлуки… Животот мора да се заштити од овие дивјаци од Москва“, стои на крајот од неговата објава каде што сподели и видео од најновите напади на Русија врз цивилни објекти.

Рано утринава руските сили повторно ја бомбардираа Украина со ракетни напади. Мета биле регионите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Криви Рог, јавуваат украинските медиуми.

🎥 ГОРАТ КИЕВ И ХАРКОВ Русија изврши жесток ракетен напад во текот на ноќта

 

Поврзани содржини