СПАСЕНО КУЧЕ КОЕ БИЛО ЗАТВОРЕНО ВО АВТОМОБИЛ НА ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ Лајка апелира институциите да го казнат злоставувачот

Благодарение на навремена реакција, животното е извадено од автомобилот и моментално е во процес на опоравување. Случајот е пријавен до надлежните институции, се вели во соопштението од Лајка.

125

На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови, соопшти јавното претпријтие Лајка.

„Благодарение на навремена реакција, животното е извадено и моментално е во процес на опоравување. Се работи на стабилизирање на нејзината психофизичка состојба. Случајот е пријавен до надлежните институции“, се вели во соопштението од Лајка.






Според сведоштва од жители на местото, се додава во соопштението, ова не е прв пат истото лице да држи животни во вакви услови. Претходно биле забележани уште две кучиња од расата кане корсо кои исто така биле чувани во запуштени, нехумани услови.

„Станува збор за континуирано и сериозно кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, кое бара итна реакција од институциите. Апелираме до надлежните органи да постапат со целосна сериозност и да преземат мерки за да се спречи понатамошно загрозување на животните од страна на ова лице. Потсетуваме дека затворање на кучиња во автомобили, особено во лето, може да доведе до фатални последици за само неколку минути. Граѓаните кои имаат информации за случајот или за други слични примери ги охрабруваме да се јават и да помогнат во борбата против насилството врз животни“, се вели во соопштението од ЈП Лајка.

Поврзани содржини