Спасено 4-годишно дете во Грција – струјата го однела на отворено море (ВИДЕО)

Според грчките медиуми, девојчето сега е во добра состојба, а „пловидбата“ на отворено море не оставило никакви последици по нејзиното физичко здравје.

1,847

Силната морска струја денеска однела 4-годишно девојче кое се капело на плажата во градот Патрас, но за среќа, неколку туристи кои се возеле на траект успеале да го забележат детето и да го спасат.

Девојчето било качено на душек во форма на еднорог, а морската струја го однело многу далеку од брегот.






Според грчките медиуми, девојчето сега е во добра состојба, а „пловидбата“ на отворено море не оставило никакви последици по нејзиното физичко здравје.

Детето било забележано од траектот што поминува помеѓу Грција и полуостровот Пелопонез, а екипажот реагирал веднаш и го спасил детето. Девојчето седело тивко на душекот, а на рацете имало гумени мускули.

Како што објавуваат медиумите, мајката наводно го оставила девојчето да ужива во плиткото покрај плажата, но одеднаш струите станале пресилни и девојчето отишло во длабокото.

Поврзани содржини