СПАСЕНИ СЕ 26 ПАТНИКА Авион се урна во езеро во Танзанија (ВИДЕО)

100

Танзаниски патнички авион во кој имсло 43 патници се урна во езерото Викторија, јавува Би-би-си.

Дваесет и шест од нив се спасени и се пренесени на болничко лекување, изјавил локален претставник за Би-би-си.






Авионот патувал од најголемиот град во Танзанија, Дас ес Салам, до Букоба, а според извештаите, тој влетал во силна бура. Леталото е во сопственост на најголемата приватна авиокомпанија во земјатата, Пресижн.

Спасувачите и локалните пожарникари се на местото на несреќата и трагаат по преживеани.

Претседателот на државата преку социјалните мрежи повика на смиреност.

 

Поврзани содржини