СПАСЕНИ ЧЕТИРИ КУЧИЊА ОД БОРБИ ВО ВРАПЧИШТЕ Полицијата откри питбули и доберман чувани во нехумани услови

Овој случај го отвора прашањето за нелегалната злоупотреба на животни и борбите со кучиња, кои претставуваат сериозно кривично дело. Според Кривичниот законик, ваквите дејствија се казнуваат со затвор и парична казна.

480

Четири кучиња, од кои три од расата питбул и едно од расата доберман биле спасени при извршен претрес во простории во село Врапчиште.

Во координирана полициска акција на 22 јануари, полицијата од Гостивар, заедно со Одделот за криминалистичка полиција, било утврдено дека кучињата биле користени за борби, што претставува кривично дело според член 233 од Кривичниот законик за „мачење на животни“.






„Просториите каде биле пронајдени кучињата ги користел 22-годишниот С.А. од Врапчиште, додека сопственик на објектот е 20-годишниот Ш.А., кој моментално се наоѓа надвор од државата. Претресот бил извршен во периодот од 20:30 до 20:55 часот врз основа на судска наредба“, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека со С.А. бил извршен службен разговор во полициската станица, а полицијата најави дека по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Овој случај го отвора прашањето за нелегалната злоупотреба на животни и борбите со кучиња, кои претставуваат сериозно кривично дело. Според Кривичниот законик, ваквите дејствија се казнуваат со затвор и парична казна.

Поврзани содржини