СПАСЕНА E ЖЕНАТА ПРИКЛУЧЕНА НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА Успешна акција за извлекување на брачната двојка во Леуново

Од ЦУК нагласуваат дека сите итни случаи треба веднаш да се пријавуваат на бројот 112, особено кога се работи за животно загрозувачки ситуации. Исто така, ги потсетуваат граѓаните редовно да ги следат препораките на надлежните институции за справување со зимските услови.

1,146

Жената која користи кислородна поддршка беше успешно спасена откако заедно со својот сопруг останала заглавена во викендичка во Леуново поради високите наноси на снег. Спасувачките екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и општина Маврово-Ростуше успеале да ја расчистат патеката и да ги префрлат загрозените лица до болницата во Гостивар.

Инцидентот бил пријавен вчера, откако сопругот информирал дека неговата сопруга, која користи кислороден апарат, не може да биде пренесена од викендичката до главниот пат поради непристапноста на патот. Веднаш биле испратени трактор за чистење на снегот и теренско возило од ДЗС Гостивар, кои ја обезбедиле безбедноста на брачната двојка. Тие биле пренесени до главниот пат од каде жената е успешно транспортирана со возило од Ургентниот центар до болницата во Гостивар.






– Интервенцијата беше координирана со сите надлежни служби и заврши успешно. Благодарение на брзата реакција, успеавме да ја спасиме жената на време – велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во друг случај, лице кое било заглавено во својата викендичка во местото „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово, двапати одбило евакуација од спасувачките екипи. Лицето инсистирало да не го напушти своето моторно возило, иако било понудено специјално возило на гасеници за негово извлекување.

„Понудивме помош, но лицето одлучи да остане. Упатуваме апел до граѓаните да ги прифатат нашите препораки и да се јавуваат на бројот 112 во итни случаи“, додаваат од ЦУК.

Од ЦУК нагласуваат дека сите итни случаи треба веднаш да се пријавуваат на бројот 112, особено кога се работи за животно загрозувачки ситуации. Исто така, ги потсетуваат граѓаните редовно да ги следат препораките на надлежните институции за справување со зимските услови.

Поврзани содржини