🎥 СПАСЕН ПОВРЕДЕН НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН КАЈ ГОСТИВАРСКО ГОРНО ЈЕЛОВЦЕ Повредениот ќе се пренесе во Клиничкиот центар во Скопје

На местото бил пратена екипа со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

320

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска успешно спаси повреден човек кој заедно со своето теренско возило се превртел на планинскиот пат над село Горно Јеловце, општина Врапчиште.

„Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице“, соопшти ЦУК.






Лицето ќе биде транспортирaно до Клиничкиот центар во Скопје за укажување на понатамошна медицинска помош.

Поврзани содржини