СПАСЕН ПЕРУАНЕЦ ПО 94 ДЕНА НА ОТВОРЕНО МОРЕ Се хранел со бубашваби, птици и со желки, последните 15 дена ги поминал без храна

Господинот Напа пристигна во добра физичка состојба. Можеше да оди. Беше во шок, но физички, тој беше добро, изјави капетанот на перуанската морнарица.

305

Перуанецот Максимо Напа е пронајден жив, откако минал 94 дена на отворено море, објави претставник на перуанската морнарица во саботата.

Викендов рибарот ја напушти болницата по неговото неверојатно преживување и закрепнување.






Напа (61) е спасен минатиот вторник, кога бил забележан во својот мал рибарски брод од еквадорска екипа, во близина на брегот на Чимботе во северен Перу.

Во емотивна изјава за медиумите тој дека преживеал хранејќи се со бубашваби, птици и желки. Последните 15 дена ги минал без храна.

– Не сакав да умрам, поради мајка ми. Имам двомесечна внука и тоа ме одржуваше. Секој ден размислував за мајка ми – рече Напа.

Неговото семејство и групи рибари го барале секој ден во последниве три месеци.

„Секој ден е агонија за целото семејство. Ја разбирам болката на баба ми, бидејќи како мајка можам да се поврзам со неа. Никогаш не мислев дека ќе минеме низ оваа состојба. Никому не би му ја посакала. Не губиме надеж, тато, дека ќе те најдеме“, напиша неговата ќерка Инес Напа на Фејсбук на 3 март.

– Чудо е што татко ми беше пронајден. Ние како семејство никогаш не се откажавме од надежта дека ќе го најдеме – изјави Инес по спасувањето.

Максимо во саботата беше отпуштен од болницата во крајбрежниот град Паита.

– Господинот Напа пристигна во добра физичка состојба. Можеше да оди. Беше во шок, но физички, тој беше добро – изјави капетанот на перуанската морнарица, Хорхе Гонзалес.

Бродот на Напа испловил од пристаништето Сан Хуан де Маркона на 7 декември, но лошите временски услови и морските струи го отргнале од патеката. Неговиот мал брод, којшто немал радио, на тој начин завршил среде море.

Peruvian fisherman found after 95 days at sea pic.twitter.com/YPf9xE4Cfc

Поврзани содржини