СПАС ЗА ГЛАДНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГАЗА Поделени над 33.000 пакети со храна
Станува збор за акција која се спроведува со поддршка од Израел и Соединетите Американски Држави, што претставува редок пример на координација меѓу страните во исклучително тензичниот регион.
Во услови на постојана хуманитарна криза, Хуманитарната фондација за Појасот Газа денеска соопшти дека успешно дистрибуирала 33.600 пакети со храна на три различни локации во енклавата.
Станува збор за акција која се спроведува со поддршка од Израел и Соединетите Американски Држави, што претставува редок пример на координација меѓу страните во исклучително тензичниот регион.
Според информациите објавени од Тајмс оф Израел, местата за дистрибуција биле отворени денеска и вчера – две во јужниот дел и едно во централниот дел на Појасот Газа.
Од Фондацијата информираат дека секој пакет содржи доволно храна за петчлено семејство за три и пол дена, што значи дека со оваа акција се помогнати над 160.000 лица.
„Ова е само дел од напорите за ублажување на страдањата на цивилното население во Газа, каде хуманитарната состојба останува критична“, соопштија од организацијата.