СПАЛЕТИ ДОНЕСЕ НЕОБИЧНА ОДЛУКА Им забрани на фудбалерите да играат „Call of Duty“

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

154

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње.

– Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „PlayStation“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Call of Duty“ – изјави Спалети за италијанските медиуми.






Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групата ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

Поврзани содржини