СПАСЕНИ СЕ ЧЕТВОРИЦА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИ Заглавиле во снегот на Галичица

212

Синоќа во 19 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани.

Полициски службеници  и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и биле безбедно упатени до граничен премин Стење.






Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со  косовски регистарски ознаки.

Поврзани содржини