ЈСП УТРЕ ОСТАНУВА БЕЗ ГАС Можни се откажувања на линии поради прекин на испораката
Граѓаните треба да бидат подготвени, ЈСП може да воспостави редуциран возен ред поради прекин на испораката на природен гас.
Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ информираше дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин во испораката на природен гас до 17 октомври 2025 година може да предизвика редуцирање на некои автобуски линии, особено оние што го користат гасот како гориво.
„Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“.
Во текот на изминатата година, јавниот превоз во Скопје веќе се соочи со кризи поради недостаток на гориво. На пример, ЈСП со месеци бил во тешка состојба и само неколку автобуси на гас возеле по улиците, додека повеќето останувале паркирани во гаражите поради недостаток на нафта.
ЈСП исто така најави дека ќе ги информира граѓаните навремено доколку се појават дополнителни промени во возниот ред.