ЈСП УТРЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО Дежурни ќе бидат три билетарници

Утре, поради државниот празник „Св. Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

257

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, кога е неработен ден поради државниот празник „Св. Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП посочуваат дека дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот билетарницата во Ѓорче Петров.

Поврзани содржини