ЈСП СО НЕДЕЛЕН РАСПОРЕД ЗА ПРАЗНИКОТ Жичарницата и повеќето билетарници нема да работат

ЈСП Скопје најави дека јавниот превоз во понеделник ќе вози по неделен ред, со ограничено работење на билетарниците и целосно затворена Жичарница до Милениумскиот крст.

0

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.






Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.

Поврзани содржини