ЈСП „СКОПЈЕ“ И НАТАМУ РАБОТИ СО ЗАГУБА Претпријатието ќе бара од Град Скопје да му ја покрие дупката од 6,2 милиони евра

Загубата од работењето во 2022 година е 384 милиони денари или 6,2 милиони евра. Загубата останува непокриена. Во текот на 2023 година основачот Град Скопје да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени сите законски резерви на ЈСП Скопје, па согласно Законот за јавни претпријатија основачот да изврши докапитализација на претпријатието“, стои во одлуката доставена до Советот на Град Скопје.

168

Со загуба од 6,2 милиони евра ЈСП „Скопје“ ја заврши минатата година, а тоа е двојно повеќе од загубата што ја имаше претпријатието во 2021 година кога на салдото имаше минус од 3 милиони евра.

Поради намалените приходи, а во истовреме зголемените расходи, ЈСП не може само да ја покрие „дупката“ на седницата на Советот на Град Скопје од страна на претпријатието ќе биде побарано да им се пренаменат средства за да го покрие буџетот.






„Загубата од работењето во 2022 година е 384 милиони денари или 6,2 милиони евра. Загубата останува непокриена. Во текот на 2023 година основачот Град Скопје да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени сите законски резерви на ЈСП Скопје, па согласно Законот за јавни претпријатија основачот да изврши докапитализација на претпријатието“, стои во одлуката доставена до Советот на Град Скопје.

Советот на Град Скопје веќе утре на редовната седница ќе го разгледа барањето на ЈСП „Скопје“.

Според годишната сметка за 2022 година, претпријатието остварило приходи од 1.699.215.767 денари, а расходите се поголеми односно изнесуваат 2.083.180.133 денари. Бројот на вработени е 1.319 лица.

Во својата предизборна кампања градоначалничката Данела Арсовска ги убедуваше скопјани да и ја дадат довербата, а притоа им ветуваше бесплатен автобуски превоз за сите граѓани. Не само што бесплатен превоз нема туку пола година низ Скопје немаше редовен јавен превоз откако таа се скара со приватните превозници. Арсовска исто така изврши и три промени на директорската функција во ЈСП „Скопје“, бидејќи како што се шпекулира во јавноста, ниту еден досега не успеа да го реализира нејзиното ветување за бесплатен автобуски превоз за сите скопјани.

Поврзани содржини