ЈСП КУПИ НАФТА ОД „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ Се реализира интервентната набавка од 2 милиони евра

345

Околу пладне во ЈСП било одлучено да се реализира интервентна итна набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари односно речиси два милиони евра, сума кој е без ДДВ, објави Телма.

„Пуцко Петрол“ кој бил единствен понудувач, бил избран во оваа набавка во четири очи без претходно објавен тендер. Оваа итна постапка беше одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на владата кога јавниот превоз во Скопје целосно застана.






Интервентната набавка ќе се спроведува до склучување на редовен договор преку тендер. Но, токму тој денеска бил поништен.

Телма од свои извори неофицијално дознава дека тој е поништен од комисијата на претпријатието. Причина е тоа што на јавниот повик се пријавил еден понудувач со некомплетна документација, односно без да приложи банкарска гаранција од најмалку 3%.

Поврзани содржини