ЈСП ГО ОБЈАВИ РАСПОРЕДОТ КАКО ЌЕ ВОЗИ ДО ВТОРНИК Во Скопје четири дена ќе се применува неделен возен ред
Промените се воведуваат поради празничниот период, со што ќе се обезбеди поголема достапност на јавниот превоз за граѓаните.
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од сабота, 4.01.2025 година, па до вторник, 7.01.2025 година, ќе се применува неделен возен ред. Промените се воведуваат поради празничниот период, со што ќе се обезбеди поголема достапност на јавниот превоз за граѓаните.
За време на празниците:
На 4.01.2025 (сабота), 6.01.2025 (понеделник – Бадник) и 7.01.2025 (вторник – Божик), ЈСП ќе работи по неделен возен ред.
Работното време на жичницата ќе биде од 10 до 17 часот на 4.01.2025 и 7.01.2025, додека на 6.01.2025 (Бадник) не ќе работи.
За време на празничните денови, билетарниците и центрите за персонализација ќе бидат отворени на следните локации:
– Транспортен центар
– Зелен пазар
ЈСП апелира до патниците да ги следат известувањата за дополнителни промени во распоредот на јавниот превоз.