ЈСП ДОБИВА 80 АВТОБУСИ, УШТЕ 40 ЗА ОПШТИНИТЕ Владата најавува инвестиција во еколошки превоз

Од Министерството за транспорт информираат дека средствата за набавката се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството, а одлуката била донесена врз основа на писмата за интерес доставени од единиците на локалната самоуправа.

3,898

Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат наменети за Скопје, со цел да се обнови возниот парк на ЈСП и да се подобри јавниот превоз во главниот град. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на општините.

„Со оваа набавка, очекуваме значително подобрување на квалитетот на јавниот превоз и намалување на загадувањето на воздухот во општините. Ова е дел од нашата стратегија за одржлив развој и заштита на животната средина“, соопштија од Владата.






Од Министерството за транспорт информираат дека средствата за набавката се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството, а одлуката била донесена врз основа на писмата за интерес доставени од единиците на локалната самоуправа.

Новиот еколошки возен парк треба да придонесе кон подобрување на транспортните услуги за граѓаните, намалување на емисиите на штетни гасови и модернизација на јавниот превоз во Македонија.

Поврзани содржини