„СОЗДАВАМЕ ПОДОБАР СВЕТ“ Првиот рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти во рацете на НЛБ банка 

Рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на работата на компанијата, кое наместо на кредитната способност се фокусира на исполнување на стандардите во областа на животната средина (E), социјалните аспекти (S) и управувањето (G).

33

Во декември 2022 година, НЛБ доби рејтинг од 17,7 за Управување со ризици по животната средина и социјални аспекти. Од страна на Sustainalytics беше оценето дека НЛБ е со низок ризик од материјални и финансиски влијанија од факторите кои се дел од управувањето со животната средина и социјалните аспекти (ESG) поради средната изложеност и силното управување.

– Да се подобри квалитетот на животот во нашиот матичен регион, Југоисточна Европа, е една од клучните стратешки цели на НЛБ Групацијата. На овој пат тргнавме решени да создадеме подобар свет, да оставиме подобри траги во регионот што го сметаме за наш дом, и исклучително сме горди што нашите напори и нашиот напредок се препознаени на начин што не оставаат никаков сомнеж во очите на инвеститорите и јавноста – изјави извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, откако НЛБ го доби својот прв рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG) од една од светските, водечки независни фирми за истражување, рејтинг и податоци во оваа област, Sustainlytics.






Рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, ја става НЛБ меѓу 15-те проценти од најдобрите банки, оценети од компанијата.

– Компанијата е позната по своите силни перформанси на корпоративно управување, што го намалува нејзиниот севкупен ризик. Понатаму, компанијата немала значителни контроверзии – објаснува Sustainalytics.

Создаваме подобар свет

Рејтингот за Управување со ризици по животната средина и социјалните аспекти, слично на кредитниот рејтинг, е мерење на работата на компанијата, кое наместо на кредитната способност се фокусира на исполнување на стандардите во областа на животната средина (E), социјалните аспекти (S) и управувањето (G). Во финансискиот свет тоа станува сè поважна категорија, која инвеститорите и аналитичарите сè повнимателно ја следат и на основа на тоа проценуваат во кои компании да инвестираат, а во кои не. НЛБ е првата банка со седиште и ексклузивен стратешки интерес во Југоисточна Европа која го има добиено овој рејтинг, како и прва меѓу компаниите котирани на Љубљанската берза.

– Иако не ни недостасува дискусија за одржливост, рејтингот за Управување со животната средина и социјалните аспекти (ESG) сè уште е релативно малку познат во нашата средина. Затоа, не е чудно што НЛБ, како пионер и компанија која се стреми да биде движечка сила на развојот и напредокот во регионот на ЈИЕ, беше првата што се справи со овој предизвик. Оценките за ESG не се само празно „слово на хартија“ – тие се резултат на ревизија од независни и светски познати експерти, тие се поттик за нас и ги охрабруваат нашите засегнати страни да им веруваат на нашите деловни одлуки и активности – објасни извршниот директор на НЛБ.

Напорите на НЛБ во областа на одржливоста ги опфаќаат еколошките, социјалните и управувачките аспекти

Изминатава година е поставена и Рамката за одржливост на НЛБ Групацијата, насоките и целите на одржливиот бизнис, одржливото финансирање и придонесот кон општеството.

НЛБ е првата банка од Словенија која се обврза на Принципите на ОН за одговорно банкарство, а пролетта оваа година се приклучи на „Net Zero Banking Alliance“ на Обединетите Нации, чија цел е да ги усогласи кредитните и инвестициските портфолија со достигнување на нула нето емисии до 2050 година или порано.

НЛБ со децении важи за еден од најголемите и најистакнатите промотори и спонзори на спортски здруженија и настани во Словенија, а пред сè, горди сме на долгогодишниот проект Младински спортови, a инвестира и во културата и во културното наследство. Банкариумот, првиот банкарски музеј во Словенија на пример, беше отворен во јуни 2021 година под покровителство на НЛБ – велат од банката.

– Ги препознаваме можностите и одговорноста за помагање на економијата и надвор од рамките на банкарството, како што покажа проектот #РамкаЗаПомош.  Донираме за социјално загрозените групи. Интензивно се залагаме за еднакви можности и независно и професионално корпоративно управување – велат од банката.

Во НЛБ Групацијата, одржливоста на одлуките и на акции ја ставаат во срцето на нивниот бизнис.

– Како системски важни актери на сите пазари каде што работиме, имаме можност вистински да влијаеме на квалитетот на животот во нашиот матичен регион во Југоисточна Европа и да овозможиме тој да стане не само поуспешен, туку и поинклузивен, разновиден и одржлив. Можете да дознаете повеќе за нашите практики овде – велат од банката.

За Sustainalytics

Morningstar Sustainalytics е водечка фирма за истражување, рејтинг и податоци за ESG, која ги поддржува инвеститорите ширум светот со развој и имплементација на одговорни стратегии за инвестирање. Речиси 30 години, фирмата е во првите редови на развојот на висококвалитетни, иновативни решенија за да се задоволат потребите на глобалните инвеститори.

Денес, фирмата работи со стотици водечки светски менаџери на средства и пензиски фондови кои ги инкорпорираат информациите и проценките за ESG и корпоративното управување во нивните инвестициски процеси. Фирмата исто така работи со стотици компании и нивните финансиски посредници за да им помогне да ја разгледаат одржливоста во политиките, практиките и капиталните проекти.

Повеќе информации за Sustainalytics и нејзините ESG рејтинзи на www.sustainalytics.com.

Поврзани содржини