Советот за безбедност утре ќе одржи седница во проширен состав

355

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре седница ќе одржи Советот за безбедност.

На седницата покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Поврзани содржини