СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДА РАСПРАВА ЗА СОСТОЈБАТА ВО ЗАТВОРИТЕ Лога бара Пендаровски да свика седница
Повеќе од 2.800 осудени лица со упатен акт не ја одлежуваат затворската казна поради недостиг на простор, а тие преставуваат потенцијална опасност за целото општество – укажуваат од кабинетот на министерот за правда.
Министерот за правда Кренар Лога ќе испрати писмо до председателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во кое ќе побара од него да свика седница на Советот за безбедност на која ќе се разгледува состојбата во затворите во земјава, информира кабинетот на министерот Лога.
„На оваа седница министерот Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор, а кои преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можност досегашните дела да им застарат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат“ – се вели во информацијата од кабиентот на министерот за правда.
Од таму најавуват дека посебно писмо министерот Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и до директорите на АНБ и АР, од каде ќе побара соодветни информации.