СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ЈА ИЗГЛАСА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЌОСЕТО Сега е на потег градоначалничката Арсовска

Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето – велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

303

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето.

– Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит. Фрапира антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжување на нивните политики за разградување на македонското јадро – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Тие велат дека сега одлуката за враќање на споменикот зависи од градоначалничката на Скопје.

– По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини