Советот на амбасадори е вчудоневиден од најавата на Вархеји за раздвојување на патот кон ЕУ на земјава и Албанија

Совет на Амбасадори го повикува Комисарот за проширување Оливер Вархеји и неговата матична земја како и лидерите на другите земји членки на Унијата да вложуваат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ.

412

Здруженито за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ со посебна загриженост и вчудовиденост ја прими најавата на Комисарот за проширување Оливер Вархеји за време на негавата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако Македонија и Бугарија не наоѓаат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања.

Со соопштението, Совет на амбасадори вели дека  не верува дека изнесениот условен став на комисарот Вархеји може да биде и став на Унијата.






„По ова проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот“, стои во соопштението.

Амбасадорите се на став дека прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања.

„Реализирањето на таквата можна опција ќе даде негативни импликации за земјата и за регионот, ќе го зголеми степенот на евроскептицизмот и песимизмот кај граѓаните и непотребно ќе го оддолжи патот на земјата кон полноправното членство во Унијата“, се наведува во соопштението.

Совет на амбасадори го повикува Комисарот за проширување Оливер Вархеји и неговата матична земја како и лидерите на другите земји членки на Унијата да вложуваат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ.

Поврзани содржини