📽️СОВЕТНИК УДРИ СО ШИШЕ ПО ГЛАВА СЛУЖБЕНИЧКА ВО КОЧАНИ Градоначалникот најави дека ќе се спротивстави на партиските игри

Во инцидентот настрада една од вработените во Општината која нервозниот Акиев ја удри по главата со шише замавнувајќи кон друг советник. Снимката од настанот ја објави штипската телевизија М-нет.

2,970

На денешната седница на Советот на општина Кочани, дојде до вербална расправија за која имаше обид да прерасне во физичка пресметка меѓу советникот Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков. Присутните спречија физичка тепачка, но замавнувајќи со шише, наместо кон колегата, советникот удри со шише по глава една службеничка.

Снимката од настанот ја објави штипската телевизија М-нет. На неа се слушаат повици за пресметка и пцости.






Телевизијата објави и видео од изјава на в.д. градоначалникот на Кочани кој го осуди настанот.

– Имаме опструкции во Советот. Не се гласа за меѓуопштинска соработка. Гледам навреди и обиди за физички пресметки. Јас тоа нема да го дозволам. Ќе се спротивставам на овие партиски игри и во наредниот период ќе работам попосветено во интерес на кочанчани – рече в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

На седницата се расправало за рушење на дивоградбите и за состојбата во Кочани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Поврзани содржини