СОВЕТНИК ОД СДСМ УАПСЕН ЗА ВМЕШАНОСТ СО ДРОГА Ковачки побара одговорност од партиското раководство
Според информациите што ги објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, советникот од СДСМ во Берово, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.
Советник од СДСМ, сопственик на ноќен клуб, уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Драган Ковачки, кој денеска беше на средба со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник од СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потрпетседатели на партијата.
– Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова – порача Ковачки во своето обраќање до граѓаните во Крива Паланка.