Советник на Заев го обвини францускиот претседател дека излажал за датумот: Макрон е виновен, тој го излажал премиерот! (ВИДЕО)

Кога од Брисел ви кажуваат дека добивате датум за преговори со ЕУ, тогаш вие им ја пренесувате таа радосна информација на македонските граѓани. Меѓутоа, тогаш Макрон излажал, вели Исмет Рамадани.

1,514

Советникот на премиерот Зоран Заев, Исмет Рамадани, во вчерашното гостување во „Само вистина“, јавно го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека го излажал македонскиот народ за датумот за преговори со ЕУ.

Одговарајќи на прашањето зошто премиерот Заев и другите членови на Владата лажеле кога објавија дека земјава добила датум за преговори со ЕУ, Рамадани истакна дека виновникот е Макрон, бидејќи тој го излажал Заев.






– Кога од Брисел ви кажуваат дека добивате датум за преговори со ЕУ, тогаш вие им ја пренесувате таа радосна информација на македонските граѓани. Меѓутоа, тогаш Макрон излажал – вели Рамадани.

Поврзани содржини