„Д-р Скано претпладнево имаше средба со министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, со претставници од Комисијата за заразни болести, Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, лабораториите за ковид-19 и други здравствени установи кои се вклучени во справувањето со епидемијата. На средбата беа споделени досегашните искуства, но и препораки за понатамошно справување со коронавирусот, а беше дискутирано и како да се подобри разбирањето за развојот на ковид-19 и влијанието на тековните мерки за заштита од ширење на вирусот. Мисијата се одвива во рамките на соработката воспоставена меѓу Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Владата во борбата против пандемијата ковид-19“, информира Минисерството за здравство.
На покана на Министерството за здравство во посета на нашата земја е д-р Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација Европа, Ханс Клуге.