Советник на премиерот на Фејсбук се пресметува со актерката Софија Куновска?!

19,117

„Извесен Леон Бакрачески, кој се претставува како советник на премиерот, се пресметува со мизогини коментари со Софија Куновска“, пишува на Фејсбук Бобан Карапејовски.

Актерката Куновска, поранешна претседателка на Градската организација на СДСМ, сподели еден од коментарите во кои Бакрачески ја окарактеризирал како неморална.






„Освен што тоа има врска со проблеми со машкоста, таквиот брутален начин на пресметка со неистомисленичка ме загрижува и во делот на општественото влијание на толку висок функционер. Ќе се извини или ќе биде разрешен?“, коментира Карапејовски.

Со коментар се огласи и поранешната пратеничка Весна Бендевска:

„Јас исто така коментирав на неговиот пост. Очигледно е дека советникот на Премиерот, не можеше да го ‘голтне’ мојот коментар дека е македонскиот полу/четврт/осминка Тед Јохо! А дури и за тоа не го бива! За жал, веднаш ме блокира. Стоп за говорот на омраза и мизогинијата на советниците во Владата!“.

Софија Куновска често е изложена на хејтања на Фејсбук, но проблемот е што во случајов со навредлив коментар се јавува лице кое се претставува како советник на премиерот и што ваквите коментари, како што пишува Куновска, „никоја од политичките елити не ги осудува, туку напротив, ги стимулираат“.

Интересно е тоа дека на ФБ на Бакрачески сега има нова профилна фотографија и пишува дека е „поранешен советник на премиерот“. Јавноста не е известена за никакви промени во тимот на советници на премиерот, сегашни и поранешни.

Поврзани содржини