Советник на министерот Чулев е позитивен на ковид-19

742

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев утрово преку социјалните мрежи информира дека еден советник од неговиот кабинет е позитивен на ковид-19.

„Ја информирам јавноста дека еден советник од мојот кабинет е позитивен на ковид-19. Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од кабинетот на министерот не е во изолација. Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството. Му посакувам добро здравје и побрзо оздравување“, пишува Чулев.

Поврзани содржини