СОВЕТНИЦИТЕ ВО ЧАИР ДОБИЈА СЛУЖБЕНИ ЛАПТОПИ Се унапредува дигитализацијата во Општината

0

Советниците на Советот на Општина Чаир беа опремени со службени лаптопи, со цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците на Советот, соопшти Општината.

На последната седница на Советот, предводена од претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, се разгледале повеќе точки од значење за институционалното функционирање и развој на општината.






Беа разгледани прашања поврзани со формирање Комисија за проценка на штети од природни непогоди, како и Програмата за финансирање на поставување, реконструкција и модернизација на лифтови на територијата на Општина Чаир за периодот 2026–2028 година.

Поврзани содржини