СОВЕТНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА НЕ ГЛАСАА ЗА БУЏЕТОТ НА СКОПЈЕ „Отстапува дури и од програмата на Орце Ѓорѓиевски“
Според Левица, буџетот кој вчера беше изгласан не нуди суштински одговор на клучните проблеми на градот, не содржи системски мерки за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и, како што тврди партијата, oтстапува дури и од предизборната програма на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Советничката група на Левица не го поддржа и не го гласаше предложениот Буџет за Град Скопје за 2026 година, поради, како што велат од партијата, сериозни концепциски, програмски и суштински недостатоци.
Според Левица буџетот кој вчера беше изгласан не нуди суштински одговор на клучните проблеми на градот, не содржи системски мерки за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и, како што тврди партијата, oтстапува дури и од предизборната програма на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Град Скопје вчера објави дека буџетот е изгласан со голема поддршка од советници од различни советнички групи. Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите кои го поддржале буџетот најавувајќи дека се работи за крупен чекор.