СОВЕТНИЦИ, ОБЕДИНЕТЕ СЕ! Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Левица и Шанса за Центар да се обединат во Советот на Општина Центар

За да биде мозаикот целосен, потребно е професорката Наташа Котлар да застане на чело на општината Центар, рече Игор Лазарев, носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во Општина Центар.

594

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика Левица и независните советници од листата Шанса за Центар да се обединат во Советот на Општина Центар, каде што СДСМ го загуби мнозинството советници.

– Како носител на листата на Коалицијата која освои најголем број на советници, ги повикувам партијата Левица со носителот Марија Среброва и независниот кандидат Јана Белчева, кои презентираа прекрасни проекти за време на кампањата, да се обединиме околу неколку најважни точки кои ќе донесат поквалитетен живот за сите нас во општина Центар – рече Игор Лазарев, носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во Општина Центар.






Тој рече дека за да биде мозаикот целосен, потребно е професорката Наташа Котлар да застане на чело на општината.

– Затоа на 31 октомври ве повикувам сите вас кои во првиот круг гласавте за кандидати кои не влегоа во втор круг и сите вие кои не гласавте, сите заедно да излеземе и да го дадеме нашиот глас за професорката Наташа Котлар – рече Лазарев.

Поврзани содржини