Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави компилација снимки од Шилегов (ВИДЕО)
Ваквата реакција следуваше откако скопскиот градоначалник вчера упати навредувачки зборови кон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, нарекувајќи го „шарлатан“ и „хохштаплер“.
Секогаш кога Петре Шилегов нема аргументи, тогаш користи навреди и омаловажувања, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека Град Скопје тоне во проблеми.
„Тоа е карактерот на човекот, а овој човек нема грам доблест, способност и желба да работи за Скопје. Додека тој тоне во омраза, Градот Скопје тоне во проблеми. Оставка веднаш, за скопјани да добијат вистински градоначалник“, се вели во соопштението.
Ваквата реакција следуваше откако скопскиот градоначалник вчера упати навредувачки зборови кон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, нарекувајќи го „шарлатан“ и „хохштаплер“.