Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На Бугарите не им успеа со Заев, ама ќе им успее со Шилегов! ВИДЕО
Шилегов создава град со историја од 1945 година па наваму. Се брише македонската историја, како што се удира и по најголемите дејци на овој народ. Се бришат имињата на Филип Втори, Јустинијан Први, Христо Татарчев, Васил Чакаларов, Павел Шатев, Тодор Александров, реагира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје нема да учествува во работата на комисијата за именување на улици и инфраструктурни објекти и нема да го легитимира правното насилство врз градот, обезличувањето и личните хирови на Шилегов, реагира совеничката Ирена Попова.
– Петре Шилегов во ек на најголемата здравствена и економска криза за свој врвен приоритет го има преименувањето на улици и идентитетско обезличување на градот Скопје. Преименувањето на улиците, Шилегов го прави без јавна поширока расправа, шверцерски и преку повреда на процедури. Предлозите кои се на маса се израз на фрустрациите на Шилегов и пазарењата со ДУИ на сметка на интересите на скопјани. Предлозите кои се даваат од страна на Шилегов не се одобрени согласно законот, од страна на општините и истите се вратени од страна на владата – вели Попова.
Според неа, прекршена е процедурата, а дополнително таквото непочитување на процедурата раѓа нови отстапки и прекршувања.
– Ваквото дивеење продолжува и денес, кога на седница на Комисијата за именување на улици, мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти се ставени предлозите кои не се одобрени од општините во градот Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува етноцидот врз градот Скопје. Се брише македонската историја, како што се удира и по најголемите дејци на овој народ. Се бришат имињата на Филип Втори, Јустинијан Први, Христо Татарчев, Васил Чакаларов, Павел Шатев, Тодор Александров. Тоа што на Бугарите не им успеа со Заев, ќе им успее со Петре Шилегов. Шилегов создава град со историја од 1945 година па наваму. Шилегов е срам за Скопје и скопјани – рече Попова.