Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје го јадат лебарки, додека Шилегов тера политика

Сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести и затоа не се потребни паради туку сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести, велат советниците.

429

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за неработење кое довело и до наезда од лебарки,

– Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки. Тоа е така затоа што градот Скопје не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски. Овие фази се целосно прескокнати и пропуштени поради тоа што Скопјани освен со корона се соочуваат со наезда на лебарки – велат советниците.






Според нив, за ваквата ситуација довела вонредна состојба поради пандемија период во кој се остава , многу ѓубре по контејнерите, потоа оставената храна во затворените објекти кои не работат, неискосените јавни површини, запушените канали.

– Сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести и затоа не се потребни паради туку сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести – велат советниците.

Поврзани содржини