СОВЕТИ НА МАРТА СТЈУАРТ Еве зошто компирите треба да ги држите во ладна вода

1,444

Без разлика дали ги сакате печени, варени, пржени или во форма на пире, компирот е универзално популарна намирница. Многу се вкусни и кога се јадат сами, со некој друг зеленчук, но и со риба, месо… Изборот е само ваш и тука нема грешка.

За лупење и сечкање компири потребно е време, секако, во зависност од количината на компирите потребни за рецептот, но ако барате начин да си го заштедите времето во кујната, познатата Марта Стјуарт има омилена техника кога се компирите во прашање: излупете сурови компири, а потоа наполнете подлабок сад со вода и оставете ги во фрижидер за да не станат кафеави.






Значи, излупете ги компирите под млаз ладна вода, исечете ги во саканата форма, измијте ги од нечистотија. Ставете ги во сад и целосно покријте ги со ладна вода, а потоа чувајте ги во фрижидер. Кога ќе дојде времето да ги готвите, измијте ги повторно со ладна вода.

Кога ќе се поминат двапати низ млаз студена вода, тие ќе бидат совршено крцкави при печењето и пржењето. Покрај тоа, ќе биде отстранет и вишокот скроб.

Одлична идеја е да ги имате вака подготвени порано, а кога оваа техника на порано подготвени компири ќе ви стане рутина, никогаш нема да губите премногу време во текот на подготовката на оброците.

 

 

 

Поврзани содржини