Сотирова Бухова: Законска обврска на МВР е да врши контрола на лицата со решенија

Директорката извести за состојбата на кластери поврзани со ковид-19 во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

677

На денешната прес-конференција директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова го повика МВР да врши контрола на издадените решенија за изолација и самоизолација, затоа што тоа е нивна законска обврска.

– Министерството за внатрешни работи кое по Закон е задолжено да врши контрола на лица на кои им се издадени решенија, додека ние на дневна основа нив ги известуваме за доставените решенија – изјави Сотирова Бухова.






Директорката извести за состојбата на кластери поврзани со ковид-19 во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово. Заклучно со вчерашниот ден во Штип се издадени 55 решенија на лица позитивни на ковид-19 за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија за изолација. Во овој град до вчерашниот ден биле извршени 100 тестирање, а во тек се уште 485 тестирања на вработени во веќе споменатите правни субјекти.

Во Тетово се издадени 8 решенија за домашно лекување и самоизолација, како и 54 решенија за изолација по основ на контакти. До овој момент во Тетово се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Таа најостро ја демантираше информацијата којашто кружи дека конфекциите во Штип каде што има заразени се уште работат.

– Таму се присутни инспкетори од ДЗСИ. Во просториите на овие конфекции се врши тестирање, се земаат брисеви на вработени и присуството е на таа основа. Апелирам до лицата исклучително да се придржуваат кон препоркаите и да не ги напуштаат домовите и и го повикувам МВР да ги контролира – рече директорката на ДЗСИ.

Поврзани содржини