Сотирова Бухова за починатата пациентка од Штип: Стручен надзор ќе даде одговор за пропустите во лекувањето

Нашиот инспектор записнички ги заведе во протокол сите документи во електронска и хартиена форма од почетокот за лекувањето на пациентката до нејзиниот испис, рече Д-р Ирина Сотирова Бухова.

1,240

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Д-р Ирина Сотирова Бухова, во „24 анализа“ во врска со случајот на починатата пациентка во Штип која барала помош, изјави дека дека во тек на вчерашниот ден Инспекторатот извршил увид.

– Во собата за медицински сестри постои тој телефон и тој број е истакнат на ѕидот на секоја соба со болни. Нашиот инспектор записнички ги заведе во протокол сите документи во електронска и хартиена форма од почетокот за лекувањето на пациентката до нејзиниот испис. Денеска по писмен пат му е наложено на лицето кое управува со споменатата ЈЗУ веднаш да ја свика Комисијата за квалитетна работа и да го испита лекувањето на споменатата пациентка и во рок од три дена да го информира ДЗСИ за исходот – рече Сотирова Бухова.






Таа истакна дека ДЗСИ веќе е во постапка на иницирање на вонреден стручен надзор кој ќе ги анализира и ќе даде одговор на сите стручни прашања.

– Тука нема брзање и има милион прашања, што и каква е постапката на инфективното одделение. За сето тоа има писмени изјави од директорот и вработените и стручниот надзор ќе даде одговор на сите прашања околу целокупното лекување – рече Сотирова Бухова.

Поврзани содржини