Сотирова-Бухова: Веднаш ќе провериме дали се препродаваат ракавици на Клиниката за нефрологија

512

 При извршените повеќе од 700 инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени институции, таму каде се констатирани одредени недостатоци веќе се изречени решенија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) продолжува со контроли по веќе доставените решенија.

Ова денеска го истакна директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.






Во врска со случајот со препродавање ракавици од Клиниката за нефрологија, Сотирова Бухова рече дека таму веднаш ќе почнат вонреден инспекциски надзор.

Поврзани содржини