Сотирова Бухова: Пет лица од автобусот се позитивни на ковид-19, едно е со симптоми, а 13 се во изолација

Директорката на здравствениот инспекторат вели дека бројот може да се зголеми бидејќи сѐ уште трае епидемиолошката анкета.

5,243

До овој момент решение за позитивни лица, упатени на домашно лекување имаме за пет позитивни, 13 решенија за изолација врз основа на контакти и едно лице има симптоми на ковид-19, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова директорка на  Државниот здравствен и санитарен инспекторат, по информацијата дека автобус со тинејџери кои се вратиле од одмор во Грција е ставен во изолација.

– Епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е сѐ уште во тек и оваа бројка може да биде променета – рече  Сотирова Бухова за Сител.






Според неа, неофицијалните бројки се 26 патници, кои со таа група отишла на летување.

– Колку се точно вратени со истиот автобус до овој момент ДСЗИ нема информација. Таа е важна за епидемиолозите од ЦЈЗ кои ги лоцираат контактите – рече таа.

 

 

Поврзани содржини