Сотирова Бухова: Епидемиолошката анкета ќе покаже кој ги заразил полицајците
Таа потврди дека регистрирани се седум полицајци заразени со ковид-19, како и дека се проверуваат 39 контакти кои тие ги имале во Скопје.
Епидемиолошката анкета ќе покаже како се заразиле седумте полицајци со коронавирусот, како и кој е нултиот пациент, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, на денешната прес-конференција.
Таа потврди дека регистрирани се седум полицајци заразени со ковид-19, како и дека се проверуваат 39 контакти кои тие ги имале во Скопје.
– Епидемиолошката анкета ќе покаже како се заразиле и кој е нултиот пациент. Анкетата е во тек и кога ќе заврши во целост ќе ја имаме информацијата каде и кога започнала заразата – истакна Сотирова Бухова.