Сотирова Бухов: Ќе се прави посмртен трест за ковид-19 на украдениот мртовец од болницата во Струмица
Директорката на здравствениот инспекторат рече дека екипата не успеала да земе брис од пациентот, но тој имал симптоми на ковид-19.
Украдениот мртовец од болницата во Струмица ќе се тестира посмртно за ковид-19, бидејќи ги имал сите симптоми на коронавирус, изјави директорка на Државниот санитарен и здравстен инспекторат Ирина Сотирова Бухов за ТВ Сител.
– При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50 отсто, што значи висока суспекција за инфекција со ковид. Но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка, екипата пристапила кон истата и немало време за брис – рече Сотирова Бухова.