СОСТОЈБАТА ВО ХРВАТСКА Е АЛАРМАНТНА Сите болници во Загреб стануваат ковид центри

Градот Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат. Да потсетиме, во Загреб вчера секој втор тестиран бил позитивен, а тестирањето со денови создава голема гужва.

535

На вчерашната средба на експертската група во Министерството за здравство на Хрватска, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорен е и нов режим за болниците, пренесе Индекс.

Според новиот режим кој се воведува, поради влошената епидемиолошка ситација најголемите болници во Загреб стануваат ковид-центри.






Тоа првенствено значи отворање нови капацитети за ковид-пациенти и тоа во КБ „Дубрава“, КБЦ „Загреб“ и КБС „Сестри милосрдници“. Зголемување на капацитетот на болниците мора во потполност да се реализира најдоцна до понеделник.

Постигнат е договор за зголемување на изолациските капацитети во сите болници, а предложено е и отворање на капацитети за ковид-пациенти во „Меркур“ и „Светиот дух“.

Договорен е и диспечер во загрепската итна служба кој 24 часа ќе ги надгледува сместувачките центри. Договорено е болниците задолжително да ја пријавуваат состојбата во 5, 14, 19 и 24 часот.

Ова се должи на големиот пораст на заболените од корона во таа земја. Да потсетиме, вчера во земјата биле регистрирани 4.571 нов случај на коронарна инфекција, 1.207 хоспитализирани, од кои 153 пациенти на респиратор, а 26 починаа.

Градот Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат. Да потсетиме, во Загреб вчера секој втор тестиран бил позитивен, а тестирањето со денови создава голема гужва.

На состанокот на Експертската група се разговараше и за новите пунктови, не само за новите пунктови во Загреб, туку и во другите жупании.

Поврзани содржини