СОСТОЈБАТА СТАНУВА ОД ЛОША – ПОЛОША! Руни остро го критикува Аморим

Аморим има договор со Јунајтед до јуни 2027 година и силна поддршка од британскиот милијардер Џим Ратклиф, кој е најголемиот индивидуален акционер на клубот и прв човек на фудбалските операции во Јунајтед.

146

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (39), по неделниот пораз од 0-3 од градскиот ривал Манчестер Сити, остро го критикуваше тренерот Рубен Аморим, велејќи дека нема подобрување во играта на составот од „Олд Трафорд“.

– Сакам да бидам поддршка на тренерот и играчите, но тешко е да се биде тоа кога ќе видите дека нема напредок. Нема добро координирани шеми, не гледам ништо во играта на Јунајтед што би можело да го турне клубот напред. Од ноември го слушаме тренерот како вели дека има јасна идеја како треба да игра Јунајтед. Но, не видовме ништо од тоа. Ако е искрен, треба да признае дека ситуацијата сега е уште полоша – рече легендарниот голгетер во радиоемисијата на Би-Би-Си „Шоуто на Вејн Руни“.






Португалецот Рубен Аморим го презеде кормилото на клубот од „Олд Трафорд“ во ноември минатата година од Холанѓанецот Ерик тен Хаг. Аморим пристигна како успешен тренер во Спортинг, со кого беше двапати шампион на Португалија (2020/21, 2023/24). Сепак, Јунајтед минатата сезона ја заврши на 15 место во Премиер лигата, а по четири одиграни кола од новата сезона, Јунајтед е на 14 место во Премиер лигата со само четири бода и гол-разлика од 4-7.

Аморим има договор со Јунајтед до јуни 2027 година и силна поддршка од британскиот милијардер Џим Ратклиф, кој е најголемиот индивидуален акционер на клубот и прв човек на фудбалските операции во Јунајтед.

На засилувања за оваа сезона Јунјатед потроши 250 милиони евра.

Поврзани содржини