Состојбата со „Ковид-19“ во Центар Жупа се стабилизира

438

Градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, оценува дека состојбата со коронаврусот се стабилизира.

– Освен првите два случаи на заразените сопружници, до сега нема други заразени, ниту сомнителни случаи. Во домашна изолација се десеттина граѓани, кои пристигнаа од Германија, но ниту еден од нив нема симптоми карактеритични за „Ковид-19“. За неколку дена домашната изолација за нив завршува. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред – изјави за МИА градоначалникот Ибраим.






Ова, според него, е резултат на совесноста на неговите сограѓани, кои строго ги почитувале мерките и препораките на Владата и Министертвото за здравство, што може да се констатира и од празните улици низ сите населени места.

Информираше дека локалната власт и претставници на граѓанската организација „Коџатурк“ ќе почнат со распределба на хумантарната помош што за своите сограѓани ја донирале браќата Денис и Асмир Џемоски, кои живеат во САД.

– Станува збор за донација од 5.000 долари, со кои се набавени прехрамбени артикли и средства за одржување на хигиена. Ќе бидат опфатени 120 семејства кои се во најнеповолна социо-економска сосотојба,а пак 60 од нив ќе добијат и по 25 килограми брашно – рече Ибраим.

Поврзани содржини